Катрин Денев, Жак Одијард, Шон Пен се дел од големиот избор на Канскиот филмски фестивал. Покрај нив, тука се Јулија Дукурнау и Франсоа Озон со што тие ќе го предводат големиот француски контингент наспроти редовните жители на Кроазета, како што е Нани Морети. Американските sвезди ќе бидат поретки годинава на Азурниот брег поради Ковид. Само четири режисерки влегуваат во официјалната селекција за Златната палма, јави дописникот на МИА.

Изобилност и плејада кандидати, комисијата за избор на Генералниот делегат на фестивалот Тиери Фремо имаше голема работа за да ја осмисли програмата за 74-то издание на најголемиот фимски фестивал во светот во Кан, кој ќе се одржи од 6 до 17 јули. Изборот бараше тежок избор што ќе ги направи „некои да бидат разочарани, особено во францускиот контингент“ и е „многу меѓународен“, рече во преамбулата на многу долгата прес-конференција Тиери Фремо. Останува само да се надеваме дека развојот на здравствената криза ќе им овозможи на екипите на филмовите да дојдат на Азурниот брег.

Симболичниот праг од 2000 поднесени филмови за селекција е надмината, квантитативно и квалитативно изобилство, нагласи Фремо, според кој пандемијата ја ослободила креативноста.

-Видовме филмови за ограничувањата со ликови со маски, но не толку. Забележавме зголемување на долгометражните филмови направени со мобилни телефони, прецизира Тиери Фремо, кој направи повеќе пропусти и грешки.

Во изборот за Кан во моментов има 61 филм, кој ќе биде збогатен со дополнителни наслови, со фокус на еколошки прашања. Во селекцијата Извесен поглед има 18 наслови и се фокусираат на први филмови и креатори во зародок. Специјалните проекции се најавени со документарни филмови на Шарлот Генсбург за нејзината мајка Џејн Биркин, Оливер Стоун за неговиот култен филм ЏФК и портретот на Вал Килмер и неговата борба против болеста. Создаден е нов дел од Канските премиери за да се обезбеди поставување без притисок на конкуренцијата и да се потенцираат филмаџиите ценети од фестивалот кои „ќе ги инспирираат идните генерации“. Во него се појавува Арно Десплешан кој ќе го прикаже „Тромпери“, адаптација на Филип Рот, Ева Хјусон, британецот Андреа Арнолд „Крава“, Матјо Амалрик „Прегрниме силно“.

Надвор од конкуренција, француските sвезди ќе бидат присутни со Катрин Денев и Емануел Беркот ќе шетаат по црвениот тепих со „Де сон вивант“. Нив ќе им се придружат и Валери Лемерсиер и нејзината почит кон Селин Дион со „Алин“. Исто така, Камил Котан ќе го претстави трилерот на Том Мекарти „Стилвотер“, кој го глуми заедно со Мет Дејмон. Филмскиот режисер Тод Хејнс ќе го претстави својот документарец за „Кадифеното метро“.

Што се однесува до официјалната конкуренција, таа се состои од 23 филма на кои им беше додаден и бонус наслов откриен на крајот од конференцијата како филм на „Денот на знамето“ на Шон Пен со Кетрин Виник, Мајлс Телер, Еди Марсан.

За Златната палма ќе се натпреваруваат: Нани Морети „Тре Пијани“, Иранецот Асгар Фархади „Херој“, Австралиецот Џастин Курзел „Нитрам“, Русинот Кирил Серебреников со „Грипот на Петров“, Израелецот Надав Лапид “Коленото на Ахед“, финецот Јухо Куосманен “Компартиманот бр.6“, Норвежанецот Јоаким Трир „Џули во дванаесет поглавја)“ Белгиецот Јоаким Лафосе „Немирни“. Контроверзната златна палма за „Чичко Бунми“, Тајланѓанецот Апичатпонг Верасетхакул ќе ја брани својата јужноамериканска авантура со Тилда Свинтон „Меморија“.

Покрај Шон Пен, Вес Андерсон „Францускиот диспечер“ и Шон Бејкер „Црвена ракета“ ќе ги бранат боите на американското кино, кое е малку застапено поради пандемијата. Мароко ќе го претставуваат Набил Ајуш „Високо и силно“, Махамат-Салех Харун од Чад „Лингви“. Наградуван во Берлин, Унгарецот Илдико Енеди со „Приказната за мојата сопруга“. Златото за најдолг филм ќе го добие „Вози ми го автомобилот“ од Рјусуке Хамагучи адаптиран од романот на Харуки Мураками.

Во францускиот контингент, кој е многу богат, се наоѓа Жак Одијард „Олимпијадите“, Бруно Думонт „Франција“ со Леа Сејдо, Катрин Корсини „Фрактура“ посветена на социјалното прашање и флексибилноста, Франсоа Озон „Сè помина добро“, Џулија Дукурна „Титан“. Миа Хансен-Лов ќе го прикаже својот филм на „Островот Бергман“ каде блескаат Тим Рот, Миа Васиковски и Вики Крипс. Наслови на кои се додадени француско-американскиот филм за отворање „Анет“ со Адам Драјвер и Марион Котијар и сулфурната „Бенедета“ од Пол Верховен со Вирџини Ефира.

Паритетот сепак ќе биде само далечна фатаморгана со четири режисерки за дваесет машки колеги. Составот на жирито, со кој претседава Американецот Спајк Ли, сè уште не е откриен. Неговата сонародничка франкофилот Џуди Фостер ќе ја добие почесната Златна палма на Канскиот филмски фестивал. Актерката ќе биде почесен гостин на свеченото отворање на 6 јули.

Не е откриен ниту идентитетот на мистериозниот „американски блокбастер“, но Тиери Фремау ги демантираше гласините за најавување на последната епизода на „Џемс Бонд“, „Дуна“ на Денис Вилнев или „Вест Сајд Стори“ на Спилберг. На повидок нема ниту долгометражни филмови на Нетфликс, дури и надвор од конкуренција кога беа најавени Џејн Кампион и нејзиниот „Power Of The Dog“. Филмот за затворањето останува мистерија, но Тиери Фрема ветува „изненадување“.