Петта по ред мини хидроцентрала доби Кавадарци.
,,Лукар 5”, е со локација на градските резервоари на водоводниот систем. Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев потсети дека претходните четири мини хидроцентрали, се изградени на регионалниот водоснабдителен систем Лукар и пуштени во употреба на почетокот на 2002 година.
-Предвиденото инсталирано производство на тие четири хидроцентрали е од 1,5 m/w(мега вати) на час и одлично е тоа што успешно стопанисуваат и работат до ден денес. А сега, после 20 години, заеднички, успеавме да ја изградиме оваа нова петта по ред мини хидроцентрала, појасни Јанчев.
Тој нагласи дека оваа, како и претходните мини хидроцентрали, нема да има никакво влијание врз процесот на водоснабдување и врз квалитетот на водата за пиење.
-Инсталираната моќност на оваа хидроцентрала е 152,3 k/w (киловати) на час, а истото ќе биде променливо во зависност од месечната потрошувачка на вода. Целосната инвестиција, градежниот дел и опремата изнесува околу 23.000.000 денари. Финансиските придобивки од мини хидро централите значитално влијаат врз подобрувањето на квалитетот на комуналните услуги коишто граѓаните ги добиваат од Јавното комунално претпријатие како и на ниските цени на услугите кои граѓаните ги плаќаат, во споредба со останатите општини во државата, дециден беше градоначалникот.
Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, рече дека му е чест и задоволство што присуствува, на, како што нагласи, пуштањето на една значајна инвестиција.
-Оваа инвестиција е резултат на напорната работа на градоначалникот и на јавното комунално претпријатие. Тоа е голема придобивка за сите. Ова е трета голема инвестиција за краток период во Кавадарци, рече Сајкоски.