Од вкупниот број на казни, 16 се за возење повеќе од дозволената брзина, десет за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, 87 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во следниот период и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.