Во спроведената засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се санкционирани 168 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.