Полициски службеници од СВР Тетово, денеска во 8.00 часот го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово, откако при претрес во неговиот дом е пронајдена дрога.

-По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка, наведуваат од МВР.

Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Вчера, во 21.50 часот во тетовско Долно Палчиште, пак, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.Р.(47) од тетовско Синичане. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба на плац за градежни работи, сопственост на А.А. од истото село.
Џ.Р. е приведен во полициска станица, а кај него се пронајдени предметите од извршеното кривично дело, кои што подоцна со потврда му се вратени на сопственикот.
По документирање на случајот и против Џ.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.