На територијата на СВР Велес во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 20.00 часотспроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 32 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив еден возач ја пречекорил брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.