Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против тројца жители на Гостивар, на возраст од 54, 60 и 34 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според наводите во пријавата, на 17 јуни 2026 година, во казино лоцирано во Гостивар, по претходна меѓусебна расправија, настанала жестока физичка пресметка меѓу тројцата пријавени, при што биле употребени и метални предмети.