Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 39 санкции за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.