Кекеновски со критики до Папранику, човекот кој го „спаси“ Груби
Професорот по уставно право, Јове Кекеновски, преку својата објава на Фејсбук ја критикуваше улогата на почесен конзул на Арсим Папранику, човекот кој го „спаси“ Груби. Тој го обвини за вмешаност во олеснувањето на бегството на осомничено службено лице од државата“, беше објавено.
Наводи за соучесништво во бегството
Без разлика дали бизнисменот и почесниот конзул знаел или не знаел дека на Груби му е забрането да ја напушта државата, тој мора да одговара пред надлежните органи за неговите постапки“, потенцира Кекеновски. „Преку овој чин, конзулот станува соучесник, овозможувајќи бегство на поранешен функционер во време кога судот одлучуваше за мерка притвор, а во тек е полициска акција.
Повикување на Виенската конвенција
„Виенската конвенција за конзуларни односи експлицитно забранува вакво постапување на почесните конзули“, потсети Кекеновски во својата изјава. „Судот мора да покрене кривична постапка против конзулот“, напиша тој, додавајќи дека според членот 68 од Конвенцијата, државата домаќин има право да одлучи дали ќе дозволи продолжување на активностите на таквите почесни конзули на нејзината територија.
Повик за институционална акција
„Институциите на системот мора да дејствуваат соодветно за да ја заштитат правната сигурност на граѓаните“, повика Кекеновски, нагласувајќи ја важноста од почитување на владеењето на правото во случаи како овој.
Објавата на професорот Кекеновски за бегството на Артан Груби ја пренесуваме во продолжение.