Тензиите меѓу САД и Кина ескалираа откако Доналд Трамп воведе 20% царини на целиот кинески увоз, а Кина возврати со 10-15% царини на американските земјоделски производи.

„Ако САД сакаат војна – трговска, царинска или било каква друга, ние сме подготвени“, изјави кинескиот претседател Шји Џинпинг пред почетокот на Националниот народен конгрес.

Кина го зголемува воениот буџет, Трамп ја обвинува за фентанилот

Како одговор на новите економски притисоци, Кина го зголеми воениот буџет за 7,2%.

„Светот се менува со невидена брзина, а заканите се зголемуваат“, изјави кинескиот премиер Ли Кијанг.

Трамп ги оправда новите царини со тврдењето дека Кина не презела мерки против шверцот на смртоносниот фентанил во САД, но Пекинг го одби ова како неосновано.

„Ова е само слаб изговор. Застрашувањето и силеџиството не нè плашат, а притисокот и заканите не се вистинскиот начин за справување со Кина“, изјави Кијанг.

Извадок: СДК