Се очекува остатоците од кинеската ракета неконтролирано да паѓаат на Земјата во текот на викендот.
Главниот сегмент на возилото “Long March-5b” бил користен за придвижување на првиот модул на новата кинеска вселенска станица минатиот месец.
Тежок 18 тони, тој е еден од најголемите предмети во последните неколку децении кој насочено се движи кон нашата атмосфера, јавува “BBC.
САД во четвртокот соопштиле дека го набљудуваат патот на објектот, но моментално не планираат да го уништат.
-Се надеваме дека ќе слета на место каде нема на никого да му наштети. Се надеваме дека тоа ќе биде некаде во океан или слично, рекол американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
Разни експерти за моделирање на вселенски отпад укажуваат дека раните часови во недела веројатно ќе бидат моментот на повторно влегување во атмосферата. Меѓутоа, таквите проекции секогаш се прилично неизвесни.
Првобитно бил лансиран во елиптичната орбита приближно над Земјината површина на 29-ти април, а потоа сегментот во склоп на “Long March-5b” почнал да ја губи висината.
Повеќето предмети би требало да изгорат кога ќе почнат да минуваат низ атмосферата, иако секогаш постои можност металите со висока точка на топење и други отпорни материјали да преживеат на површината.