Австралискиот тенисер Ник Кирјос објави денеска дека се повлекува од настап на претстојниот Ролан Гарос поради повреда на коленото.

Кирјос во јануари го оперираше коленото и поради тоа не настапи на Австралија опен и трите мастерс турнири пред Ролан Гарос.

Австралискиот тенисер последен пат се појави на грен – слем турнирот во француската престолнина во 2017 година.

Претходно поради здравствени проблеми и Шпанецот Рафаел Надал најави дека нема да настапи на Ролан Гарос, кој е на програмата од 28 мај до 11 јуни.