Според српските медиуми, во трагедијата во училиштето во Белград животот го загубила и ќерката на поранешниот тренер на одбојкарскиот клуб Црвена звезда, Драган Кобиљски, пренесе Макфакс.
Кобиљски, кој работи како тренер во романскиот клуб Залау, во својата кариера беше одбојкар на Партизан, а потоа беше тренер на Црвена звезда. Вестите ги потврдил неговиот близок пријател, поранешниот одбојкар Жељко Танасовиќ.
„Сите сме шокирани и потресени. Не знам што да кажам. Голема трагедија и незамисливо тоа да се случи на овие простори. Со Драган се познаваме долго, игравме заедно, а сега сме во роднински врски“, изјавил Танасковиќ за „Хотспорт“.
Утрово во Белград во училиштето „Владислав Рибникар“, 14-годишен ученик во училиштето уби 8 деца и еден припадник на обзбедувањето во трагедија која ја шокираше Србија и регионот.