Ќучук денеска при гостување на софиската телевија БТВ истакна дека довербата меѓу Македонија и Бугарија е нарушена и дека двете земји мора да се вратат на темелите на Договорот за добрососедство и пријателство.

– По изборите мора да има преговори, заедничката историја е составен дел и мора да ги поставиме параметрите за заедничка иднина, нагласи Ќучук.

Според него, во двете земји на постои официјална политика на говор на омраза, но постојат различни организации на неофицијалната политика и во Софија и во Скопје, кои шират таков говор.

– Еден национализам раѓа друг, заклучи Ќучук, нагласувајќи дека нема потреба да се поставува прашањето кој провоцира, кога е јасно дека очигледно има проблем.

Ќучук вели дека ова прашање било наведено и во неговиот извештај за земјава до Европскиот парламент, додавајќи дека е големо прашање зошто Бугарија не стори нешто за да не се дојде до ваква состојба.