Решавачки дуел во Скопје: Македонија вечер против Казахстан
Фудбалската репрезентација на Македонија вечер од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека составот на Казахстан. Ова е претпоследниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 година. Средбата има особено големо значење, бидејќи победата ќе ги задржи шансите на „црвено-жолтите“ за настап на Мундијалот.
Фокус и мотивација кај избраниците на Балков
На официјалната прес-конференција пред натпреварот, голманот Столе Димитриевски истакна дека тимот е целосно насочен кон триумф и дека поддршката од трибините ќе биде клучна.
„Нашата цел е јасна – да победиме. Со помош на публиката верувам дека ќе стигнеме до поволен резултат“, рече Димитриевски.
Состојбата на табелата
Воo моментов Македонија е лидер во групата Ј со 12 освоени бода, пред Белгија која има 11 и натпревар помалку, Велс со 10, Казахстан со 6 и Лихтештајн без бодови.