Доналд Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир, освојувајќи ја републиканската претседателска номинација по трет пат. Тој ја победи својата ривалка Ники Хејли во државата каде таа имаше најголеми шанси против него.

Асошиејтед прес и телевизиските мрежи ја прогласија победата на Трамп веднаш по затворањето на гласачките места, врз основа на раните резултати и излезните анкети. Иако досега гласаа само две држави, победата на Трамп на прелиминарните избори ја нагласи неговата доминација во партијата.

Како што пренесува Би-би-си, преброени се околу 70 отсто од гласовите, а Трамп води со околу 10 отсто пред Ники Хејли. Поранешниот претседател има 54,4 отсто од гласовите, а Ники Хејли има 43,6 отсто.

Во говорот откако се појавија првите проекции, Хејли инсистираше на тоа дека останува во трката, велејќи дека таа е „далеку од завршена“ и дека има „преостанати десетици држави“.

„Јас сум борец. Јас сум последната што остана во борбата против Доналд Трамп. Имаме уште долг пат да одиме, но продолжуваме”, рече таа.