Коалицијата Вреди ѝ возврати на ДУИ. Нивната реакција ја пренесуваме во продолжение:
Денот на одбележувањето на Охридскиот Рамковен Договор конечно ја доби својата вистинска и институционална форма. Овој историски момент, кој претставува најголемо достигнување на албанскиот народ во Северна Македонија, конечно е ослободен од канџите на поединци кои со години го користеа за исполнување на своите лични желби и за присвојување на богатството на народот.
ДУИ, со својата политичка ароганција и долгогодишно владеење, сè уште мисли дека може да присвои секое достигнување на албанскиот народ. Со ароганција се осмелија да организираат паралелен настан за овој значаен ден, спротивно на бројните повици да не го делат народот за овoj настан што треба да нè обедини сите.