Тие бараат да се зголеми износот којшто го добиваат како додаток на попреченост и како посебен детски додаток и да се отворат повеќе дневни центри и центри за рехабилитација.
Претседателот на здружението, Суарет Алишен, ги повика институциите да ги вклучуваат лицата со посебни потреби во општите економски, културни и социјални активности. Од Вила Водно преку соопштенија велат дека Претседателот на претставниците на коалицијата „Менуваме“ им рекол дека е неприфатливо и натаму да бидат маргинализирани и обесправени.
Во оваа насока, претседателот Пендаровски нагласил дека, согласно со надлежностите, во континуитет ќе се залага да се подобри положбата на лицата со попреченост и нивните семејства.