Според истражувањето на професорот Тим ​​Спектор, симптомите на инфекција со т.н. индиски сој или делта варијанта на коронавирусот наводно се разликуваат од оние што ги предизвикуваат претходните варијанти на коронавирусот, а сѐ повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, но чувствувале симптоми на настинка – течење на носот, болка во грлото и главоболка.

Ова се податоци собрани врз основа на истражување на примерок од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликацијата.

-Немаме добри вести, гледаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, особено во северозападот на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и малку постари од 40 до 49 години. Помладата популација не е имунизирана или вакцинирана само со една доза, со што, се разбира, не се постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот вид, но она што мора да нè загрижи е сè уште т.н. долг ковид, па така Велика Британија дефинитивно има проблем, рече професорот.

Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на COVID-19, па продолжуваат со вообичаените животни и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека е сезонска настинка.

Професорот апелира на неопходноста од примање на втората доза од вакцината и останување дома веќе при појава на првите симптоми во смисла на главоболка, болки во грлото и течење на носот.

90% од тековните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијантата на вирусот, пишува BBC.