Овој Французин, кого често го нарекуваат „Папа во светот на модата“, е неспорно најбогатиот Европеец од 2018 година, кога неговото богатство беше проценето на нешто повеќе од седумдесет милијарди долари. Последните години тој посериозно влезе во оваа трка на глобално ниво, каде повремено заземаше едно од првите пет места на најбогатите во светот.
Тој се најде на врвот на листата поради многу успешниот бизнис на неговата компанија ЛВМХ во изминатите 14 месеци. Во тој период, тој го зголемил своето лично богатство за неверојатни 110 милијарди долари и со тоа станал првиот Европеец што се појавил на врвот на листата по скоро еден век.
Компанијата ЛВМХ е специјализирана за производство и продажба на луксузна облека, која е сопственик на некои од најпознатите светски брендови како Диор, Луј Витон, Хенеси, Живанши, Лоро Пијана… Вредноста на оваа компанија на пазарот постојано расте во последно време и според некои проценки изнесува нешто помалку од 400 милијарди долари.
Според истражувањето на аналитичарите од Инвестициската банка Џферис, и според Форбс, растот на приходите од 17 милијарди долари (32 проценти во споредба со 2020 година) е резултат на масовните набавки на нивните производи во Кина.
Самиот Арно, како и компанијата ЛВМХ, имаат многу интересна биографија. Дипломиран инженер кој по завршувањето на престижниот „Екол Политехник“ започнува да работи во градежната компанија на неговиот татко и веќе ги покажува и реализира своите визионерски идеи.
По неколку години поминати во компанијата, тој успева да го убеди својот татко да ја смени насоката на деловната активност во насока на купување и тргување со недвижнини, со акцент на изградбата и развој на туристички комплекси. Станува директор на компанијата во 1974 година, а целосно компанијата ја презема од неговиот татко во 1979 година.
Неговиот влез во модниот свет започна во 1984 година кога со помош на партнер го купи Финансиер Агачи и така ја презеде контролата над Бусак Сен Фререс, текстилна компанија која ги поседуваше Диор и Ле Бон Марше. Од тука, Арно започнува да ја гради својата империја.
Кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, Арно излезе со идеја да ги собере најсилните брендови во Франција и Европа под еден покрив, а со тоа беше создадена и компанијата ЛВМХ. Во следните години, компанијата спои многу од најпознатите светски брендови.
Денешниот успех на компанијата непобитно докажува дека Арно заслужено е наречен „папа на модата“.