Таа посочи дека според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари. Тоа, како што рече, е зголемување од 8,8 отсто споредено со месец мај 2020 година.
– Просечната плата забрзано се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до крајот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари. И во време на пандемија и светска и здравствена криза, и во време на пост ковид периодот, растот на платите не стагнираше, туку тие продолжија да растат во сите сектори. Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активности во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво, додаде Колева.
Сето тоа, посочи таа, се податоци кои покажуваат дека македонската економија е на стабилни основи, дека е развојна, динамична и конкурентна.