„СЕ МОЛИ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ДА НЕ ЧИТА САМО ЕДЕН ЗБОР ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК, ТУКУ ДА ГО ЧИТА ВО ЦЕЛОСТ – ОЦЕНКАТА ЗА ЗДРАВСТВО Е ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА И ИЗВЕШТАЈОТ КОНСТАТИРА ОСНОВНА НЕГРИЖА И НЕВИДЕНО НАЗАДУВАЊЕ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, ова преку статус на Фејсбук го истакнуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие понатаму додаваат:
Кога Меџити се дрзнува да го толкува Извештајот на Европската комисија за здравство, а притоа се фаќа само за еден збор за да тера пиар без да преземе било што за подобрување на состојбите, добро е да се потсети истиот тој Меџити и надлежните за трансплантација дека:
1️⃣Македонија е далеку од членство во Еуротрансплант, а целокупната негрижа за јавното здравство, со акцент на негрижата за кадарот јасно е нотирана во истиот извештај на Европска комисија кој Меџити се дрзнува да го коментира. За да се биде член на Еуротрансплант потребни се критериуми за кои што Македонија треба прецизно да потврди, а тоа се некомерцијализација на донацијата на органи, акредитирани центри за трансплантација наместо затворен центар за трансплантација на Клиника за урологија, јасно дефинирани процедури и безбедност на податоците.
2️⃣Искрени честитки до сите здравствени работници вклучени во трансплантацијата на црн дроб, но системските пропусти генерално за процесот на трансплантација остануваат огромен предизвик за јавното здравство!
3️⃣ Неинвестирање во кадарот и недостигот на едукации е исто така дел од истиот извештај на Европската комисија кој Меџити и неговите советници за трансплантација не се заинтересирани да го прочитаат, а уште помалку да преземат нешто.
4️⃣Потврда за системската негрижа за процесот трансплантација се и информациите од здруженијата на пациенти кои работат на оваа проблематика и се директно засегнати во овој процес.
➡️Според здружението на пациенти Нефрон во 2023год се извршени само 4 кадаверични трансплантации на бубрези и според ова Здружение кадаверичната трансплантација не може да ги задоволи потребите на пациентите кои се на листите на чекање.
5️⃣Под знак прашање е и изработката на листите на чекање за трансплантација на ткива и органи
6️⃣Истиот извештај покажува и дека нема следственост и нема информации за квалитетот на животот на овие пациенти по трансплантацијата. Досега не е објавен ниту еден извештај за преживувањето на трансплантираните органи како и за преживувањето на пациентите.
7️⃣Огромен предизвик е кадарот и континуитетот на негова едукација за целиот процес од медико-легален и клинички аспект
8️⃣ВМРО-ДПМНЕ има кадар и потенцијал и се обрзуваме дека токму трансплантацијата од сите можни аспекти и со конкретни мерки и чекори е со висок приоритет во нашата програма.
✔️За таа цел, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со нашите и врвните европски и светски експерти од обаста ќе направи анализа и ревидирање на фактичката состојба и соодветно на тоа ќе предложи решенија согласно најдобрите светски и европски пракси“, стои во нивниот пост на Фејсбук.