Претседателот на Комисијата Арбер Адеми за МИА изјави дека амандманите биле разгледани и ниту еден не бил прифатен и усвоен од страна на членовите на комисијата.
– Заврши и вториот ден со разгледување на сите амандмани. Иако на почеток, и на првиот ден и денеска, на вториот ден на диксусијата за Предлог-законот имаше доста процедурални интервенции од страна на пратениците од опозицијата. На крај, со мнозинство гласови се донесени одлуките од страна на комисијата, потенцира Адеми.
Овој Предлог-закон оди на пленарна седница на Собрание, поточно на 47-та седница.
За овој Предлог-закон имаше поднесено повеќе амандмани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше само шест амандамни кои, како што рече Адеми, биле неуредни и воопшто не биле разгледани. Тој информира дека добиле известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека тие амандамни нема да бидат доставени бидејќи се неуредни. Комисијата денеска ги разгледала само амандманите од пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
Со Предлог-измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на законот.