Иако изминатиот период се забележува намалување на трендот на новозаболени лица од ковид 19, сепак доколку се востанови дека се уште има потреба од тоа, рестриктивните мерки ќе останат на сила и по 20 април, изјави пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче.

– Во зависнот од индикаторите ќе утврдиме дали има потреба, и доколку има секако дека ќе ги продолжиме, истакна ресорниот министер.

Полицискиот час во земјава беше воведен на 20 март и започнуваше од 22-05 часот.Поради зголемениот број на новозаразени власта на 6 април одлучи полицискиот час да го скрати и да започнува од 20-05 часот.

Со последните ковид мерки се затворија сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, хотели, фитнес клубови и обложувалници.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.