Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар моментално поминува низ еден од најмрачните периоди во неговата историја. Соочувајќи се со потрагата по стабилен спонзор македонскиот бренд се бори со опстанокот во Првата лига.
И покрај многуте причини за незадоволство, за пофалба е една локална, скопска приказна која вреди да дојде до израз. Тоа е навивачката група „Комити Запад“ која помага Вардар како Феникс да се издигне од пепелта. Токму затоа, редакцијата на Радио Лидер реши да напише некој збор повеќе за дечките кои неуморно се борат за овој македонски великан да се врати на победничките патеки.
Да ги тргнеме на страна фудбалските гиганти како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сите, Челзи, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. Ако во Британија ги знаеме приказните дека навивачите ги спасија Лестер и Свонси, ако во Германија навивачите го спасија Унион Берлин, ако во Хрватска фановите, популарните „Торцида“ го спасија Хајдук тогаш и кај нас може да се пофалиме со ваков пример.
ФК Вардар кој пред само неколку години многумина беа уверени дека ќе згасне како клуб, Комити го докажаа спортивното. Со многу активности, а првенствено преку продажба на членски карти успеаа во намерата Вардар да дојде во првата лига.
Во нивната приказна не владее ништо друго освен: навивачка љубов до коска. Нивните стихови „први да те браниме, живот да подариме“ се вистина каде докажуваат дека клубот е на мускули од навивачите.
ФК Вардар моментално функционира финансиски и структурно од навивачите, почнувајќи од младински школи се до првиот тим.
Навивачите се грижат буквално за сѐ! Тие се насекаде почнувајќи од управата, се грижат за плати за играчи, барање спонзори, барање терени за натпревар, автобуси, произведуваат дресови и сите технички аспкети кои се потребни да опстојува еден клуб.
Оваа сезона нивната бројка достигнува и до 1000 навивачи на еден натпревар, што на прв поглед можеби не изгледа многу, но ако се земат предвид надворешните фактори ова е и тоа како за пофалба. Со многу кореографии кои може да ги погледнете на фотографиите во продолжение овој клуб и покрај тоа што е последен на таблетата сепак е најпосетуван во ПМФЛ.
Вчера Вардар издвои големи три бода во Ѓорче, а ова дојде во вистински период кога му се најпотребни бодови на клубот. Непосредно пред ова следува интервјуто на нивниот капитен, Филип Гачевски за Гол.мк. Тој отворено говореше за актуелната ситуација со која се соочува Вардар, знае дека ги чека тешка битка за опстанок, но како што вели, ќе ја водат до крајот.
„Борбата за опстанок знаевме дека ќе ја имаме уште од почетокот на првенството. Наша цел беше да влеземе во Првата лига, успеавме во тоа, сакавме клубот да се стабилизира и така целта ни е опстанокот. Од тие работи, нема ниедна засега. Ниту имаме стабилен спонзор, ниту имаме ситуација за опстанок. Моментално сме во лоша резултатска низа, но можам да кажам дека нема да се предадеме и ќе водиме борба до крај. Кој ги гледа нашите натпревари, виде дека се трудиме максимално, играме добар фудбал со сите екипи, а некогаш и среќата ни го врти грбот“, изјави Гачевски.
Сите кои сакаат да помогнат може да го контактираат клубот и да најдат начин како најтрофејниот македонскиот да го вратат на старите победнички патеки.
Скопјани кои навивате пасивно за Вардар, разбудете се од зимскиот сон и помогнете му на клубот. Купете ги реквизитите, следете ги новостите на профилите ФК Вардар и Комити Скопје и бидете во тек со новостите. За повеќе информации може да ги контактирате нивната страница.
Вардарското заедништво им пркоси на властите, го покажува македонизмот и го оживува националното чувство на Македонецот. Затоа време е секој да тргне од себе и да му помогне на локалниот клуб.
За крај ќе искористиме зборови од навивачите на Вардар: „Да живее Вардар и Македонија“.