По серијата од четири порази конечно победа на контото на Вардар и „четата на Васоски“.

Вардар секогаш знае како со „лавовите“. По вторпат сезонава екипата на Вардар успева да ја победи Македонија ЃП. Попладнево во Ѓорче тимот на тренерот Александар Васоски сосема заслужено славеа со 0:1. Сега вардарци имаат на контото 14 бода и одново покажуваат знаци на живот во битката за опсатнок.

Во Вардар се свесни дека битката продолжува, дека нема предавање и дека се е можно. Потребна е само една мини – серија од две победи по ред за Вардар и дефинитивно покаже дека нема намера да се предаде така лесно.

Најверните фанови на Вардар, познатите „Комити“ во одлична бројка 90 минути го бодреа својот тим. И покрај сите финансиски проблеми тие се оние кои го одржуваат во живот најтрофејниот македонски тим.