Првото враќање стигнува веќе овој месец, а фирмите заклучно до 31 март до УЈП требале да ја достават бараната документација.

– Вкупната исплата на мерките кои се спроведоа преку УЈП изнесува 8.350.781.472 денари, или 135.344.918 евра. Обврската за враќање на примената финансика поддршка е 1,209.250.778 денари, или 19.598.878 евра, односно 14,5 отсто од вкупната исплатена финасиска помош, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Фирмите и самостојните вршители на дејност имаа можност да земат финансиска помош за исплата на плати за април, мај и јуни и за октомври, ноември и декември и постоеше можност за субвенционирање на придонесите за април, мај и за јуни.

Според регулативата, компаниите не го враќаат целиот износ. Тие враќаат најмногу до износот од 50 отсто од остварениот финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, а дополнително, согласно регулативата имаат и признати трошоци.

Помошта земена за април, мај и јуни минатата година, се враќа во април, мај и јуни годинава, односно на 3 рати без камата. А, помошта земена за октомври, ноември и декември лани се враќа во октомври, ноември и декември годинава.