– По шест неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари, денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника. Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение, соопштија од Министерство за здравство.
Од таму додават дека е завршена и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа Општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во Шуто Оризари.