Скапо ги чинеше поддршката кон Таравари двата министри од редовите на Алијанса за Албанците. Во дописот до спикерот Митревски бара министрите од крилото на Таравари да бидат разрешени на првата наредна седница.

„Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател Митрески согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере Илир Демири за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација“, соопштуваат од Владата.

Барањето за смена на двајцата министри доаѓа откако тие му дадоа поддршка на лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари, кој инсистира партијата да оди на избори во коалиција со Европскиот сојуз за промени. Алиу и Меџити не поднесуваат оставки.

Се огласи и Ковачевски

Лидерот на социјал-демократите Ковачевски по воздржаноста, сега поконкретен: во Собранието пратеничката група ќе гласа според тоа што ќе пристигне од Владата и како ќе се изјаснат пратениците од Алијанса. Од осумте пратеници, зад Таравари застанаа двајца.

Конфликт Села – Таравари

Што ќе се случува во Алијанса за Албанците ќе биде појасно по одржувањето на заседанието на централното претседателство што го свика Таравари и седницата на највисокото партиско тело со кое раководи Зијадин Села кој инсистира партијата да оди самостојно на изборите.

Извор: МРТ