Ова е токму она што се случи во случајот со најновата измама, која е во состојба да го блокира пристапот на корисникот до апликацијата и контактите за само неколку секунди. Новиот вид на напад може да заобиколи дури и двостепена проверка (2FA) и да ја блокира сметката.
Нападот е, патем, многу едноставен и ја користи функцијата на апликацијата, која е тука за да ги заштити корисниците од напади, пишува „Форбс“.
Нападот започнува од хакер кој го знае телефонскиот број на корисникот и кој бара од WhatsApp да ја активира сметката на корисникот на друг уред, користејќи ги приватните податоци на корисникот.
Кога WhatsApp се обидува да ја потврди сметката со барање за потврда, ако хакерот внесе погрешен код за потврда, тоа доведува до заклучување на сметката во следните 12 часа.
Вториот дел од нападот изгледа така што хакерот се претставува на WhatsApp како корисник чиј телефонски број го има и пријавува загуба на телефонот на кој е активирана сметката, но од друга мејл адреса.
WhatsApp потоа автоматски дозволува на корисничката сметка да се најавува на новиот уред. „Вистинскиот“ корисник, кој во тоа време не ни знаеше дека е цел на нападот, автоматски го губи пристапот до својата корисничка сметка, пренесе „Zimo“.
Ако во последните неколку дена, кога ќе се обидете да активирате WhatsApp, добиете порака дека бројот на вашиот мобилен телефон не е поврзан со апликацијата на вашиот телефон, најверојатно сте жртва на оваа измама.
WhatsApp ќе ви понуди, во истата порака, да го потврдите вашиот телефонски број за да го вратите пристапот до вашата корисничка сметка. Сепак, хакерите можат да ја повторат оваа постапка безброј пати …