По жестоките коментари од јавноста, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дневникот на Сител се правда дека таа не оценувала проектитите, туку стручна комисија.
„Сите реакции ги следиме, не само јас лично како министерка туку и сите вработени во министерството бидејќи тоа е еден настан за кој што сите се припремаме во текот на цела година тоа да тече навистина непречено. Се подготувувавме многу и за електронската апликација оваа година и ги демантирам веднаш сите обвинувања дека јас сум одлучувала лично како што имаше некои тврдења и ги отфрлам сите обвинувања дека се решава по партиски клуч. Морам да напоменам дека тоа време одамна е поминато во Министерството за култура“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Таа истакна дека во овие комисии се избираат членови по претходна консултации со сите чинители во јавните установи, од независната сцена, а и дека и таа лично има редовен контакт и со уметници кои не се во тие институции и секогаш од нив се бара да даваат предлози кој би можел да помогне при најдобар избор во однос на проектите.
„Во Министерството за култура по однос на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од јавен национален интерес одлучуваат стручни комиси, кој што се формираат од самото министерство, кој што при нивното прифаќање на таа улога тие потпишуваат изјави за дискретност, дека немат судир на интереси и кој што понатаму работи по однос на програмата…“.