Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук објави дека во општината е исчистена уште една голема депонија.

-Исчистена е уште една голема депонија во населеното место Визбегово!

Продолжуваме со чистење на сите места во Општина Бутел каде што е потребно.

На секоја исчистена локација поставени се и информативни табли со кои укажуваме на забраната за фрлање шут и ѓубре!

Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачувување на хигиената!

Граѓаните на Општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина, стои во неговиот пост на Фејсбук.