Костовски напомена дека Смилевски има само еден проект, а тоа е купувањето на неговата куќа во населба Радишани.

– Единствениот капитален проект на Смилевски е градењето на базен во куќата што си ја купи во Радишани, рече Костовски.

Според него се што се прави во општината треба да биде прифатливо за сите граѓани.

– Политиките треба да бидат поддржани од повеќе етнички заедници, тука живеат припадници на различни заедници. Смилевски ги доби гласовите претходно на локалните избори во 2017 година, но тој не направи ништо што вети водовод во Љуботен, во Визбегово и затоа кај Албанците има негативно расположение. Тоа е голем проблем за него и мислам жестоко ќе го казнат. Сепак има некои кои ќе му ги дадат гласовите. Оние со кои работел со кои има заеднички интереси, вели Костовски.

Кандидатот за градоначалник Костовски се осврна и на безбедноста во општината.

– Во Бутел во последните четири години се наруши безбедноста во Бутел, имаше пукање и слично. Тоа е така затоа што Смилевски се опкружи со негативци, криминалци, вели Костовски.

Што ќе донесат изборите во Бутел?

разговараме со Дарко Костовски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Posted by Радио Лидер on Wednesday, September 8, 2021