Тој во изјава за порталот МКД.мк вели дека не разбира зошто некој во Скопје очекува дека изборите во Бугарија ќе имаат некакво значење.
Според Ковачев Договорот меѓу двете земји постигнат во 2017 година треба да се исполнува, особено, како што вели, „во делот на заедничката историја на еден ист народ кој бил разделен на сила“, а заедничката Комисија треба да си работи на пеглање на ставовите.
– Не треба да има омраза, треба да соработуваме, да си помагаме, да се отстранат некои делови од учебниците кои биле ставени во времето на комунизмот, како во Бугарија така и во Македонија“, додава бугарскиот европратеник.
Според него, меѓувладината конференција којашто се очекуваше и се најавуваше нема да може да се одржи додека не се формира нова влада, а кога ќе се случи тоа никој не може во моментов да предвиди. Ако има нови избори во Бугарија, како една од варијантите, сигурно ќе дојде септември, октомври или подоцна, но сега никој ниту знае, ниту може да се каже.
Сепак, Ковачев вели дека ако се исполнува Договорот и ако „има разбирање“ за заедничката историја не е важно дали е сегашната влада (која функционира до изборот на нова) тогаш може „уште утре сѐ да биде готово и С. Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“.
– Одговорот е во Скопје, дали југоносталгијата кон Тито и омразата кон Бугарија е толку важна за Македонија за да може да се одолее на македонската европска перспектива“, додава Ковачев.