Лидерската средба која вчера се одржа помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наиде на многу реакции од страна на јавноста и граѓаните, но повеќе од јасно е дека владата на СДСM не води сметка за националниот интерес.
Мицкоски по завршувањето на лидерската средба даде изјава каде јасно порача дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвенa да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без влада на Демократската унија за интеграции односно да се формира влада на широко национално единство во која што нема да биде дел ДУИ.
-ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата Влада на Демократската унија за интеграција. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори.Тоа тој го протоколкува како кршење на Преговарачката рамка, јас тогаш му реков во ред имам предлог јас за тебе. Да одиме на предвремени парламентарни избори кои што ќе се одржат на, три дати дадов како предлог, на есен генерално, да се формира влада на широко национално единство во која што нема да биде дел Демократската унија за интеграција, рече Мицкоски.
На оваа понуда од Мицкоски за излез на ДУИ од влада, Ковачевски не го прифати овој предлог.
-Тој сметаше дека некои партии не треба да бидат дел од Владата, а други треба да влезат. Сметам дека нам како Влада ни треба широко обединување на сите. Целите ви ги кажав – уставни измени, завршување на уставните измени, скрининг-процесот, отворање поглавја, затворање едно или две поглавја, па избори во согласност со законот. Затоа сметам дека тоа ќе биде Влада на обединување, европска интеграција, а не Влада на дестабилизација, кажа Ковачевски.
Само за потсетување, пред неколку дена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во едно гостување јасно порача дека на Македонците им е преку глава од попуштања над 30 години на сметка на националниот идентитет и веќе еднаш треба точка да се стави.
-Преку глава ми е над 30 години Македонците да попуштаат, 30 години животот им помина на луѓето, некои кои 1993 година имале 30 години, сега имаат 60 години, 1993 беше дај да станеме за 6 месеци поранешна југословенска Република Македонија, само уште ова и решен е проблемот.1995 дај да го смениме Уставот, да ги избрише Македонците од егејска и пиринска Македонија, истата 1995, октомври, да го смениме знамето од 16 крако на 8 крако сонце.2001 година само уште Рамковен договор, 2004 нова територијална организација, 2018 само уште да се смени името и сега 2023 само уште да станеме Бугари. Преку глава име на луѓето од попуштање и мене ми е преку глава од попуштање и една треба точка да се стави, рече Николоски.
По сето ова може да се заклучи дека СДСМ и Ковачевски сакаат да ги задржат ДУИ во влада и дека тендерите им се поважни од националиот интерес. Тоа го потврдува и најголемиот скандал поврзан со Бехтел и Енка каде поради коалицијата на СДСМ и ДУИ, Македонија за изградбата на коридорите 8 и 10д нема да чини како што велеа од владата 1,3 милијарди евра, туку многу повеќе.