Актуелниот пратеник од редовите на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во гостување на „Тема на денот“ на телевизија Сител, зборуваше за неминовната потребата од изградба на дата центри во Република Македонија, како последица на глобалните процеси на дигитализација, при што направи јасна дистинкција помеѓу националните дата центри и комерцијалните дата центри.
Надоврзувајќи се Ковачевски рече „камо среќа да се појави потреба да одреден голем играч изрази желба на територија на Македонија да гради дата центар“.
Ковачевски истакна дека изградбата на дата центарот, големината и намената зависи од потребата, притоа посочувајќи дека во Македонија постојат два типа на потреби и тоа како што вели Ковачевски „национална потреба на државата и тоа се нарекува Национален дата центар и второто е комерцијални дата центри коишто нудат услуги на комерцијални клиенти“.
Ковачевски кажа дека разговори за национален дата центар се водела од поодамна, односно од пред 16 години и дека лично самиот тој бил дел од нив, меѓутоа дека во тие моменти, како што вели Ковачевски потребата не била созреана во државните институции дека количината на податоци со кои истите ќе располагаат, процесите на дигитализација кои следат, ќе предизвикаат неминовна потреба од дата центри, посочувајќи дека Македонија сè уште нема примарен Национален дата центар. Ковачевски додаде дека ги слушнал најавите на министерот за дигитална трансформација за изградба на примарен дата центар на територија на Скопје и истиот смета дека е добро решение.
„Македонија нема Национален примарен дата центар, ние имаме секундарен дата центар и тоа е отворен во времето кога јас ја предводев Владата, започнат е претходно, поддржан е од ЕУ“, рече Ковачевски.
„Денес го слушав министерот за дигитална трансформација, дека Македонија веќе подготвува дата центар, којшто ќе биде примарен, на територија на Скопје, со големина којашто одговара на институциите и тоа е добро решение, зошто бидејќи на едно место ќе бидат сите хардверски компоненти коишто ќе ги опслужуваат, безбедноста ќе биде на многу повисоко ново, хакерските напади ќе бидат отежнати на оние коишто сакаат да влезат со што се соочувавме во минатото и други држави се соочуваат и ќе може на тоа да се надоградуваат нови услуги коишто ќе бидат понудени на граѓаните, истакна тој.
Ковачевски исто така кажа дека во Македонија во моментот постојат неколку комерцијални дата центри со помала големина и тоа воглавно на телекомуникациските оператори, банките и укажа дека во моментот големите дата центри се наоѓаат во Германија, во сопственост на Google, чија дополнителна инвестиција е 5 и пол милијарди евра, а регионални играчи на Балканот се Бугарија и Грција, додека Македонија треба да биде среќна доколку некој голем играч изрази желба на територија на Македонија да гради дата центар.
„Споредба ако направиме со големите дата центри, најголемите се наоѓаат во Германија, централниот дата центар на YouTube, во Ханау во Германија до Франкфурт. Во моментот Google којшто е сопственик на YouTube за својата Gemini вештачка интелигенција апликација, инвестира 5 и пол милијарди евра исто така во Германија, со цел да ги зголеми капацитетите на дата центарот. Регионални играчи преку коишто тече сообраќајот на Google се Бугарија и Грција, Македонија тука ја нема, камо среќа да се појави потреба да одреден голем играч изрази желба на територија на Македонија да гради дата центар“, заврши Ковачевски.
Извор: Курир
