На средбата предложив заедно да ги изгласаме уставните измени, а по завршување на процесот за менување нма Уставот веднаш да одиме на избори, рече премиерот Димитар Ковачевски, по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во Клубот на пратеници.
„Сакајќи да покажеме дека како Влада не сме ориентирани само на собирање политички поени и не сме водени само од партискиот интерес и не сме фокусирани на следните избори, предложив заеднички со две третини да ја изгласаме потребата за Уставни измени и утредента ВМРО да влезе во Владата. СДСМ да ослободи половина од своите места во Владата за претставницви на ВМРО. Така ќе обезбедиме влада која обединува. Таа влада во која ќе бидат сите политички партии кои се за евроинтеграциитре и ќе го спроведе процесот на уставни измени, таа Влада и ќе го заврши скрининг процесот, а ќе ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ, при што може и да затвори едно или две од поглавјата од првиот кластер. Истата таа Влада потоа да ги орагнизира следните избори“, изјави Ковачевски.
Ковачевски објасни дека Мицковски рекол дека во Владата не треба да членуваат дел од партиите, што според премиерот е погрешно, бидејќи сега ни е потребна широка Влада.
„Потребна ни е Влада на обединување и европска интеграција, оти други сценарија може да доведат други состојби. За мене ова не еборба за власт, туку борба за иднината на државата“, изјави Ковачевски.
Тој објасни дека во завршните и преодни одредби на измените на Уставот да стои дека тие ќе важат по оддржување на втората меѓувладина конференција на ЕУ, која е веќе закажана. Се надвор од тоа спореед Ковачевски е непринципиелно.
Спротивно на ова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски рече дека предложиле уставните измени да важат откако сите 27 земји членки на ЕУ ќе го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија во ЕУ.
Ковачевски рече дека македонскиот јазик неколку пати е верификуван, влезен е во преговарачката рамка и дека 80 проценти од скринингот се прави на македонски јазик.
„Една од најголемите земји членки на ЕУ ќе додонесе резолуција со која јасно и недвосмислено се потврдува и признава македонскиот јазик, идентитет и македонската култура, со кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентите. Тоа ќе биде направено од нивниот Параламент“, рече Ковачевски.