Како што веќе видовме, моралноста и владеењето на г-нот Заев и г-нот Филипче не одат во иста реченица, напиша Драган Ковачки на ФБ.

Вчера кажавме дека оставката е најмалку за што треба да се грижат министерот Филипче дур се одмара на плажа, но и премиерот што не го давал столчето само за да на него не седнел г-нот Мицкоски.

Прашавме за тоа дали Министерот бил предупреден за ПУР панелите, одговор не добивме. Очекувано.

Овој однос на избегнување на одговори, како што би рекла г-ѓа Шекеринска, не е во духот на транспарентноста и правото на јавноста да знае и да биде информирана. Но, тоа им е стилот на владеење.

Денеска, 11 дена од трагедијата после која наместо одговорните да се со лисици на раце, тие ги испозатворија роднините кои протестираа, одиме со ново прашање кое повлекува кривична одговорност и се однесува на електричната инсталација во модуларната болница во Тетово:

Дали Министерот Венко Филипче или некој од неговиот тим има информација дали модуларната болница била приклучена на дистрибутивната мрежа во стандардна и нормална процедура или некој си дозволил приклучувањето да го направи од веќе постоечката болница надвор од процедура и без соодветен проект?

#ЗаробенаДржава
#Мафија
#ОдговорностМораДаИма

(Фејсбук статус на Драган Ковачки)