Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување на радио Лидер зборуваше за безбедносната состојба во целата држава поточно во град Скопје каде потенцираше дека состојбата не е добра. Имено тој потсети дека откога СДСМ е на власт поточно откога Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи има над 20 нерасветлени убиства.

-Не е добра состојбата. Еве за вашите слушатели да откриеме дека во изминатиот период, од моментот на доаѓање на СДС на власт односно од Оливер Спасовски како е станат министер вие имате преку 20 нерасветлени убиства само на територија на градот Скопје. Ги гледате овие последните убиства што беа во строгиот центар на Скопје, недалеку од владата, недалеку од Американската амбасада, од касарната Илинден каде што е и специјалната единица Тигар, рече тој.

Ковачки во своето гостување се осврна и на ситуацијата каде полицајци од Арачиново беа истепани додека беа на должност и за тоа нема никаква одговорност.

-Имаме ситуација каде што наши полицајци кој што носат грб и знаме на оваа држава, од Арачиново се избркани, значи истепани, додека биле на должност, значи влегуваат во полициска станица ги бркаат и притоа немаат одговорност, кажа Ковачки.

Ковачки понатаму продолжи и за ситуацијата надвор од главниот град, односно во помалите места каде посочи на примери како се малтретираат неистомислениците на власта.

-Од друга страна, еве во помалите места имате вработени во МВР, кои еве заминале во пензија, па одат дома им прават претрес, ги гонат, ги затвараат, ги малтретираат само затоа што се неистомисленици, истакна тој.

На крај Ковачки заклучи:

-Безбедносната состојба мислам дека е загрижувачка, ете тој термин би go употребил. Ао во изминатиот период имаше ситуација каде овие криминалци беа гетоизирани, значи на одредена територија каде што можеле да оперираат, денеска ги гледаме на територија на цело Sкопје. Дрога врие по улиците, никој ништо не превзема затоа што во бизнисот со таа работа се вклучени високи полициски началници и позади тоа најверојатно стои врвот на министерството за внатрешни работи. Само да ве потсетам, имаше ситуација каде што поранешната јавна обвинителка за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска при една акција која што беше пробиена, јавно изнесе став дека акциите поврзани со дрогата се пробиваат директно од врвот на МВР.