Ковачки најпрво кажа дека јавните функционери подлежат на јавна критика.

– Се уште немаме официјална бројка за кој добил НАТО сертификат и тоа е и легитимно да не излегуваат тие работи во јавност, но кога станува за функционери би требало тоа да се знае бидејќи тие подлежат на јавна критика, дециден е Ковачки.

Тој ја искоментира дека станува збор за злоупотреба со НАТО сертификатите.

– Факт е дека во изминатиот период има злоупотреба во издавањето на НАТО безбедносните сертификати, веројатно станува збор за некака злоупотреба. Министерката Шекеринска призна дека е направена грешка, вели Ковачки.

 

Тој зборуваше за неговото обазование и кажа накратко околу пандемијата и програсувањето кризна состојба. Според него кога се прогласува кризна состојба, не треба да се одолговлекува, но кај нас малку е поинаку заради интересите на власта.