– Јас цело време ги критикувам политиките и тоа добронамерно ги критикувам политиките и кршењето на законите од страна на раководството, и на министерството за одбрана, меѓутоа и на Владата и на претседателот, а тоа се јавни личности кои што се изберени на непосредни избори и тие се подложни на критика. Сите ние како граѓани имаме право и должност да критикуваме за да можеме нели преку критика да дојдеме до подобро утре за нашите граѓани, за институциите кои што се раководат, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.

Ковачки додаде дека тој уште минатата година околу март, април потенцирал дека министерот за одбрана имаше објава на социјалните мрежи со класифицирана мапа, а таа објава се уште стои. Со таа објава министерот за одбрана има прекршено закон , а институциите молчат наместо да казнат.

– Таа објава со таа класифицирана мапа за личен интерес пропаганден, министерката за одбрана таа информација ја споделува во јавноста. Имате во месец јули каде што излегоа класифицирани снимки од безбедносни камери од структурата на воената служба за безбедност и разузнавање која што е директно под министерот за одбрана. Се сеќавате пред предизборието кога се појавија тие снимки на еден порталите и се уште стојат на YouTube тие снимки и се уште не се тргнати. И за тоа исто така не е поведена постапка, барем јас не знам. За тоа ако имало поведена постапка, таа ќе требало да заврши со одредена санкција, или одредена казна. Меѓутоа внимавајте казните се затворски за таа работа, така да можеме да видиме дека такво нешто се уште нема, рече Ковачки.