Се уште ја чекаме таа фејсбук најавена оставка која се уште не е доставена до Собранието на Република Македонија, за жал. И ова не е прв пат човекот да излаже, гледате колку пати до сега лажеше, вели Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, за најавената оставка на Зоран Заев.
Ковачки објасни дека ваков пример имало и со оставката на министерот за здравство Венко Филипче кога изгореа 14 луѓе во тетовска модуларна болница па се организирале фејсбук и вибер кампањи за Филипче, како што сега се прави со Заев.
Дента кога давате вие оставка, утре дента таа треба да биде доставена до Претседателот на Собранието. На што личи ова, истата финта што ја правеа со Венко Филипче ако се сеќавате изгореа живи луѓето, па после се организираа фејсбук и вибер кампањи за поддршка меѓу себе. А истото го гледаме денес пак некоја кампања си прават претседателите на Општинските посебно они кои што изгубија на локалните избори, си организираат некакви кампањи за поддршка на лидерот, лидеру останете ни требаш, рече Ковачки.
Според Ковачки на локалните избори, граѓаните му дале црвен картон на Заев и на власта уште во првиот круг, укажувајќи дека власта повеќе нема ниту кредибилитет, ниту пак легитимитет да продолжи со работа понатаму.
Видете Заев е детронизиран и тоа е факт. Граѓаните му го покажаа црвениот картон и во првиот и во вториот круг и владата го изгуби легитимитетот. Значи владата нема кредибилитет да продолжи понатаму. Значи политиките на оваа влада и на овој премиер на овие локални избори добија црвен картон и тоа народот им го кажа, дециден е Ковачки.