МВР и официјално ја потврди кражбата во домот на Леонид Игнов, пари кои се собираа како донации за негово лекување.
Според она што МВР го потврди за Скопје Инфо пријавата ја направил таткото на Леонид, а во истата стои дека од нивниот семеен дом одземени се пари и други предмети. Неофицијално, се работи за средства во износ од 50 илјади евра.
На 18.10.2023 во СВР Скопје Б.И.(53) пријавил дека во периодот од 11:30 до 14:50 часот со подесен предмет било влезено во неговиот дом на подрачјето на Аеродром и биле одземени пари и други предмети. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР
Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот `рбет и не може да ги движи рацете и нозете. По неколку апели, јавноста и јавните личности се мобилизираа и за краток временски период беа собрани неопходните средства за негово лекување.
Поттикнати од денешните настани, просветните работници од Општина Аеродром кој денеска добија признанија од градоначалникот Муцнски, средствата ги донираа за негово лечење.