Германскиот ракометен клуб Интерактив официјално соопшти дека македонскиот тренер Филип Лазаров повеќе нема да ја предводи екипата, со што е ставен крај на нивната повеќегодишна соработка.

Лазаров пристигна во редовите на Интерактив во 2018 година како играч откако претходно настапуваше за турски Бешикташ. По завршувањето на својата играчка кариера во 2022 година, тој ја презеде тренерската палка во клубот.

Уште во својата дебитантска сезона на клупата, македонскиот стратег оствари забележителен успех освојувајќи ја шампионската титула и обезбедувајќи пласман во Третата Бундеслига, а под негово раководство тимот го освои и германскиот аматерски Куп.