Хесус Овоно се огласи во јавноста и порача дека ги минува најтешките денови во својот живот, но лица кои се блиску до голманот сега информираат за шпанските медиуми дека чуварот на мрежата на Андора размислува и за ран крај на фудбалската кариера.
Поради огромната психолошка траума која ја доживеа во изминатите неколку денови, чуварот на мрежата се соочува со исклучително тежок период.
Овоно сериозно ја разгледувал опцијата за пензионирање од фудбалот, одлука која може да ја донесе како последица на кобниот судир на теренот со 30-годишниот напаѓач на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој за жал подоцна почина во болница.
Блиски извори до фудбалерот откриваат дека тој е целосно скршен, веќе неколку дена е затворен во својот дом и исклучен од надворешниот свет, при што информациите говорат дека страшната трагедија може да означи и дефинитивен крај на спортската кариера на Овоно.
Како прв чекор по немилиот настан, Овоно целосно ги деактивираше своите профили на социјалните мрежи, а потоа самиот побара да биде отстранет од составот на репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја за претстојните квалификациски натпревари за Африканскиот куп на нации, додека сега размислува за целосно повлекување.
