Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур Фери, односно Новак Ѓоковиќ.
Најдобриот на светот, Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот.
Овој натпревар беше многу сличен на оној од претходната година, во истата фаза, а Синер делуваше како непремостлива пречка, и поради неговиот сервис и поради неговата одлична игра од основната линија.
Колку беше самоуверен и доминантен, покажува фактот што му дозволи на Србинот само една брејк-топка.
Александар Зверев, победникот на Ролан Гарос ја победи локалната сензација, квалификантот Фери со 7:6 (0), 6:2, 6:4, по два часа и 15 минути игра.
За Зверев, ова е убедливо најдобриот резултат на Ол Ингланд Клубот, бидејќи досега најдалеку доаѓаше до осминафиналето.
Фери, кој го започна турнирот на 114-то место во светот, од понеделник ќе биде 36-ти на АТП листата, што е огромен скок за човек кој живее веднаш до комплексот Вимблдон.
Мечот за титулата се игра в недела со почеток во 17 часот.
