Денес би бил 100-ти роденден на принцот Филип, кралицата засади рози именувани по војводата од Единбург.

Британската кралица Елизабета доби роза именувана по нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, кој денес би го имал својот 100-ти роденден.

Филип, војводата од Единбург, почина на 9 април, само два месеци пред неговиот јубилеен роденден, и по повеќе од седум децении брак со Елизабет, која има 95 години, пишува Ројтерс

Розата беше засадена во градината на куќата на кралицата во замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што го поминуваше поголемиот дел од своето време од избувнувањето на пандемијата на коронавирус и каде почина нејзиниот сопруг.

Парите од секоја продадена роза ќе одат во фондацијата „Наследството на војводата од Единбург“, која Филип ја основаше за да им помага на младите и која сега постои во повеќе од 130 земји.