Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.А.(35) од охридското село Долно Лакочереј.
При претрес во неговиот дом и помошни простории што ги користел, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 8 тегли со марихуана, саксија со засадено растение канабис сатива и две отсечени растенија канабис, како и мешавина од марихуана и тутун.