Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани, одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани, вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“.
При контрола во угостителскиот објект на 13.02.2022 во 00.00 часот, информираа денеска од МВР, биле затекнати пет малолетници кои биле послужени со алкохолен пијалок од третопријавениот А.М.