– Против лицето Ф. Б. (57) од селото Слупчане, општина Липково, кривична прјава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При контрола извршена на 24 април годинава, на улицата „8-ми септември“ во Дебар, полициските службеници констатирале дека тој не поседува валидна возачка дозвола односно користи фалсификуван возачки документ, изјави Димоски.
Кривична против маж од Слупчане фатен со фалсификувана возачка дозвола
К
Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против жител на Слупчане, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.